JobFair

Организирано од: BEST Skopje


HASELT Internship Program

Поставено на 2017-05-12 18:22:31



Less than a week to apply for HASELT Internship Program on the following positions:

▶ Software Development Engineer Intern - http://bit.ly/HASELTSDEIntern
▶ UI/UX Design Intern - http://bit.ly/HASELTUIUXIntern


Don't miss this opportunity to spend 2 months learning and working with experienced IT professionals. We are waiting for your applications.


Inside Development конкурс за работа

Поставено на 2017-05-10 11:44:21



Inside Developmеnt објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Компанијата има потреба од QA Engineer.
Повеќе детали за позицијата можете да добиете на следниот линк: http://www.one-inside.com/job/qa-engineer/


Регистрација за официјално отворање на Job Fair 2017

Поставено на 2017-03-31 20:39:03



Ве покануваме да учествувате на официјалното отворање на Job Fair 2017 - Саем за вработување и кариера , кое ќе се одржи на 03.04 (понеделник) во 12 ч. во Aмфитеатарот на ТМФ. Во склоп на отворањето се оддржува и нетворкинг настан, на кој ќе имате шанса да стапите во комуникација со претставници од компаниите. За присуство, Ве молиме пријавете се на следнава форма.


Работилници/Предавања на JobFair 2017

Поставено на 2017-03-29 17:32:43



Дали сакате да учествувате на бесплатни работилници од водечки компании на интересни теми, да се натпреварувате на case-study и освоите вредна награда, или пак да стапите во директен контакт со претставник од компанија на некое од нивните интервјуа?

Пријавете се на следнава форма и изберете ги активностите кои би сакале да ги посетите во склоп на Job Fair 2017 - Саем за вработување и кариера!


Информации за JobFair 2017

Поставено на 2017-03-22 14:20:36



БЕСТ Скопје со задоволство Ви го најавува тринаесеттото издание на саемот за вработување и кариера - Job Fair кој ќе се одржи од 03.04.2017 - 11.04.2017, и ќе биде поделен на неколку дела:

03.04 - Официјално отворање
04.04 - 05.04 - IT компании (Технички кампус)
06.04 - 07.04 - Технички компании (Технички кампус)
10.04 - 11.04 - Градежни и архитектонски компании (ГФ/АФ)

Job Fair е организиран од страна на БЕСТ Скопје со цел да оствари контакт помеѓу Вас студентите и компаниите кои во иднина можат да бидат Вашите работодавци. На настанот ќе можете да присуствувате и на најразлични обуки и презентации, да разговарате со претставниците на едни од водечките компании во Македонија како и да добиете повеќе информации за студентски пракси, стипендии и за потребниот работен кадар.

Конечниот распоред на активности ќе биде објавен наскоро, како и темите на предавањата предводени од претставници на врвни компании, кои ќе можете да ги следите БЕСПЛАТНО.

Затоа не двоумете се и оставете CV, кое станува дел од базата достапна за компаниите учеснички на саемот. Job Fair Ве носи чекор поблиску до Вашата кариера. Можеби Вашата следна работа или пракса е токму тука.


10 СОВЕТИ ЗА ПОУСПЕШНО ИНТЕРВЈУ

Поставено на 2016-05-10 16:49:04



Во денешно време многу е важно каков впечаток ќе оставите при интервјуто со работодавачот. Ако не ја искористите максимално добро вашата шанса да се претставите, тогаш вашите обиди при справување со конкуренцијата, се речиси минимални. Затоа, применете ги овие 10 совети пред да се појавите на интервјуто за работа и бидете подготвени за позитивен исход.