JobFair

Организирано од: BEST Skopje


DINERS CLUB INTERNATIONAL

Поставено на 2015-05-04 12:07:10


img/diners.jpg

Иако Job Fair - Vol. 2 се одржува на комплексот технички факултети, за студентите од останатите факултети обезбедивме учество и на една од најпознатите компании од областа на банкарството и финансиите. Се работи за DINERS CLUB INTERNATIONAL која со своето директно банкарство и платежен сервис, ги одвои своите картички како најуспешни на македонскиот пазар од овој вид.

Постојано се отворени за нови, талентирани и енергични луѓе кои го имаат она што е потребно за да се приклучат во нивниот тим, па затоа посетете го нивниот штанд да дознаете што е она што го бараат.


INPLAYER

Поставено на 2015-05-03 21:22:00


img/inplayer.png

INPLAYER е компанија учесничка која се занимава со развој и оддржување на сопствена платформа за наплата на видео содржини. Работи исклучиво за странски клиенти од целиот свет кои имаат онлајн сервиси со видео содржини. Компанијата дополнително изработува и различни типови на веб, мобилни или ТВ апликации по барање на клиентите.

Моментално имаат 5 отворени работни места и тоа за позициите: PHP програмери, WordPress програмери, проект менаџери и QA. Доколку се пронајдовте себе си меѓу отворените работни позиции, оставете го вашето CV и очекувајте вработените да ве пронајдат вас.


IN2

Поставено на 2015-05-03 15:57:34


img/in2.png

ИН2 е друштво за информатички инженеринг кое е член на IN2 групацијата составена од 10 членки кои делуваат во 6 земји на Балканот. Моментално имаат потреба од:

- Проектант/програмер во Microsoft развојно окружување и - Проектант/програмер во Java/Oracle развојно окружување.

За оваа компанија и можностите кои ги нуди, повеќе може да дознаете на предавањето кое ќе го одржат вработените во склоп на Job Fair 2015 на 6ти мај


EKA Knorr Bremse

Поставено на 2015-05-03 12:12:20


img/eka.jpg

ЕКА Д.О.О. е искусна и добро позната компанија за развој, дизајн и производство на мобилни тест уреди за железнички возила како и стационарна тест опрема за уреди поврзани со процесот на кочење и за други апликации. Своите производи главно ги извезуваат во Југоисточна Европа, Азија и Канада за производителите на вагони и железниците.

Компанијата е дел од Knorr - Bremse Group, светски лидер во производство на кочни системи за железнички и комерцијални возила. Конкретно имаат потреба од електро инженери, а нудат и студентски пракси.


ССС - ТРИ

Поставено на 2015-05-02 18:41:18


img/sss_tri.jpg

Освен со големи и веќе докажани компании, на Job Fair 2015 ќе имате можност да стапите во контакт и со помлади и помали компании, чиј предизвик е постојаниот раст и зголемување, па затоа им се потребни иновативни инженери од повеќе области.

Таква една компанија учесничка е ССС - ТРИ, која се занимава со давање на консултантски услуги од областа на безбедносното инженерство. Нивната визија е креирање на поздрави работни места, преку спроведување на стандардите за безбедно работење кои се пропишани со законот на Република Македонија.


ОКТА

Поставено на 2015-05-02 16:17:10


img/okta.jpg

Како ти звучи идејата да работиш или да одиш на пракса во единствената рафинерија за сурова нафта во нашата земја - ОКТА, која воедно е и најголемата македонска компанија според ранг листите од последниве 5 години?

Не ја пропуштајте оваа извонредна можност и посетете нè на Job Fair 2015 за точно една недела на комплексот технички факултети. Се гледаме таму!