ПРОРИСК
Поставено на 2015-05-02 10:20:06

Целта на нашиот Саем за вработување и кариера е на студентите да им овозможи контакт со компании од најразлични области, па затоа ви ја претставуваме ПРОРИСК, компанија која се занимава со безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа, како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.
Потребен им е работен кадар и практиканти од повеќе технички струки, па затоа посетете го нивниот штанд на 6ти и 7ми мај за повеќе информации.
Asseco Group
Поставено на 2015-05-01 18:51:22

Asseco Group е уште една компанија учесничка на Job Fair 2015 и истата е членка на Ассеко Групата која последниве две години е шести најголем производител на софтвери во Европа. На македонскиот пазар постои веќе 20 години, а моментално има околу 10 отворени работни места за software developers и можности за студентски пракси.
Arcelor Mittal
Поставено на 2015-05-01 16:05:00

Водечката и светска компанија за производство на челик АРЦЕЛОРМИТТАЛ која има објекти за изработка на челик во 20 земји и работи во повеќе од 60 земји низ целиот свет, доаѓа токму за вас студентите на Job Fair 2015 - Vol.2.
Затоа, не заборавајте да го посетите нивниот штанд на 6ти и 7ми мај на комплексот технички факултети и да зборувате со вработените за сè она што ве интересира во врска со оваа компанија.
ЕВН Македонија
Поставено на 2015-05-01 14:44:05

Ти се допаѓа можноста да работиш или да одиш на пракса во една од најголемите компании во нашата земја, ЕВН Македонија?
Дојди на 6ти и 7ми мај на комплексот технички факултети и остави го своето CV, со што ќе си ја обезбедиш шансата да се вработиш или да одиш на пракса во оваа или во некоја од другите компании учеснички на Job Fair 2015.
Netcetera - Quality Software Engineering
Поставено на 2015-04-30 20:04:10

Нетцетера им овозможува на клиентите софтвер прилагоден на основната дејност на нивниот бизнис. Ние ги разбираме системите и процесите, независно од тоа колку се тие сложени и нудиме ИТ решенија за долготрајна корист.
Нетцетера е тим од посветени професионалци со една заедничка цел: континуирано задоволство на клиентот. Нашата умствена сила е поставена околу дејноста на клиентите со цел да се најдат најдобрите решенија, дури и за комплексни предизвици.
Основана во 1996 година, Нетцетера брои околу 400 вработени во четири земји и е организирана како холдинг компанија со седиште во Цирих, Швајцарија. Дополнително, Нетцетера групацијата ги опфаќа D1 Solutions и Braingroup..
Allocate Software
Поставено на 2015-04-30 16:20:37

Сакате да присуствувате на презентација, case study и интервју со вработените од интернационална IT компанија со претставништва во Македонија, Шведска, Велика Британија и Австралија?
Сето ова ви го озможуваат Allocate Software заедно со нас, па затоа не заборавајте да нè посетите на Job Fair 2015 - Vol.2 на 6ти и 7ми мај на комплексот технички факултети.