JobFair

10 СОВЕТИ ЗА ПОУСПЕШНО ИНТЕРВЈУ


Во денешно време многу е важно каков впечаток ќе оставите при интервјуто со работодавачот. Ако не ја искористите максимално добро вашата шанса да се претставите, тогаш вашите обиди при справување со конкуренцијата, се речиси минимални. Затоа, применете ги овие 10 совети пред да се појавите на интервјуто за работа и бидете подготвени за позитивен исход.

1. Бидете навремени


Првото важно правило кое треба да го почитувате е секогаш да бидете навремени. Доцнењето остава впечаток дека сте неодговорна личност. Затоа, пристигнати барем 10-15 минути пред почетокот на вашето интервју.

2. Истражете за компанијата


Пред интервјуто потребно е да истражите за компанијата и потребите и услугите кои таа ги нуди. На тој начин на работодавачот ќе му докажете дека навистина сте заинтересирани за работното место, со тоа се зголемува шансата токму Вие да бидете вработени.

3. Прегледајте го вашето CV


Интервјуто може да ве доведе до стресна ситуација и врз основа на тоа да заборавите на нештата кои сте планирале да ги кажете. Фокусирајте се на најважното, поточно она што го содржи вашето CV.

4. Покажете ентузијазам


Цврстото ракување и контактот очи во очи ја покажуваат вашата самодоверба. Зборувајте јасно, со сигурност во гласот, дури и кога чувстувате доза на несигурност. Само така можете да ја покажете вашата подготвеност.

5. Слушајте и одговарајте внимателно


Внимателно слушајте ги прашањата. Бидете сигурни дека вашите одговори се одраз на вашиот став. Работодавачот доаѓа до одредени заклучоци за Вас врз основа на одговорите кои ги давате.

6. Давајте детали


Бидете конкретни кога појаснувате преку примери. Бидете подготвени да зборувате за Вашите искуства, достигнувања и квалификации. Така оставате силен впечаток пред работодавачот.

7. Знајте ги Вашите силни страни


Ако сте сигурни во вашите предности и како тие би придонеле во работата за која сте аплицирале и сè тоа добро го претставите пред Вашиот потенцијален работодавач, толку полесно ќе се здобиете со истата позиција/работа.

8. Бидете искрени


Никогаш не лажете на интервјуто за работа. Премногу лесно можете да се фатите во сопствената стапица.

9. Поставувајте прашања


Не ја пропуштајте можноста да прашувате, со цел да дознаете вредни информации за работата или компанијата. Прашањата кои ги поставувате се индикатори на Вашиот интерес.

10. Опуштете се


Имајте мирна вечер и правете го она што ве опушта. Но сепак, бидете свесни за вашата концентрација која е најважна, па затоа добро наспијте се ноќта пред Вашето интервју.
Не постои начин да се предвиди што точно би содржало едно интервју, но со примената на овие 10 совети ќе се чувствувате помалку нервозни и ќе бидете подготвени да се претставите себеси во најдоброто можно светло.