JobFair

Почитувани, ве известуваме дека во изградба е нова страница на JobFair. Stay tuned!


Организирано од: BEST Skopje


6PM

Поставено на 2015-05-05 10:18:00


img/6pm.png

6PM е водечка IT компанија чија дејност е креирање на апликации за здравствениот сектор како и други професионални сервиси за подобрување на ефикасноста во работењето. Таа може да се пофали со повеќето награди освоени за своите софтверски решенија.

Најголемата мотивација на тимот е можноста да технологијата ја интегрираат во здравствениот систем со што бенефиции ќе имаат како пациентите, така и докторите. Доколку сакаш да работиш со еден ваков тим, има 5 отворени работни места кои можеби ти одговараат токму тебе, па затоа не заборавај да го посетиш нивниот штанд утре и задутре во просториите на ФИНКИ/ТМФ.


INSIDE DEVELOPMENT

Поставено на 2015-05-04 21:53:52


img/Inside.png

Имаш иновативна идеја за апликација која има потенцијал на пазарот? Тимот на компанијата INSIDE DEVELOPMENT е секогаш отворен за нови нешта и е спремен да ти помогне да ја реализираш својата идеја.

Повеќе за оваа компанија, отворените работни места и другите можности кои ги нуди може да дознаете на нивниот штанд на комплексот технички факултети почнувајќи од задутре.


Polar Cape

Поставено на 2015-05-04 20:20:11


img/polarcape.png

ПОЛАР КЕЈП е друштво за компјутерски консултантски дејности од Шведска, кое има претставништва во Македонија и во Холандија.

Имаат потреба од mobile developers (iOS, Android), Java Developers, Front-end developers и designers, Test Automation specialists, а за повеќе информации на 6ти и 7ми може да го посетите нивниот штанд кој се наоѓа во просториите на ТМФ/ФИНКИ.


ТИТАН

Поставено на 2015-05-04 16:06:08


img/titan.jpg

Чест ни е да ви претставиме уште една компанија учесничка која е на листата на 10 најуспешни компании според профитот во Македонија. Се работи за Цементарница УСЈЕ, компанија која се занимава со производство на цемент и други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, која е мултирегионален производител на цемент, таа е современа компанија и активен член на заедницата со повеќе од 320 вработени луѓе, но секогаш отворена за нов, млад и квалитетен кадар.


Re:Aktiv

Поставено на 2015-05-04 14:00:04


img/reactiv.png

Ви претставуваме уште една IT компанија која е учесничка на Job Fair - Vol.2, а тоа е друштвото за консалтинг и понуда на софтвери РЕ:АКТИВ. На саемот ќе имате можност да се запознаете со вработени во Ре:Актив од сите оддели и да позборувате за сè во врска со нивната работа, како што се технологиите со кои работат и можностите кои ги нудат за развој на вашата кариера.

Оваа компанија исто така организира и Ре:актив викенд што претставува натпревар по програмирање, а за победниците следува и супер кул награда. Затоа не пропуштајте да го посетите нивниот штанд на 6ти и 7ми мај.


DINERS CLUB INTERNATIONAL

Поставено на 2015-05-04 12:07:10


img/diners.jpg

Иако Job Fair - Vol. 2 се одржува на комплексот технички факултети, за студентите од останатите факултети обезбедивме учество и на една од најпознатите компании од областа на банкарството и финансиите. Се работи за DINERS CLUB INTERNATIONAL која со своето директно банкарство и платежен сервис, ги одвои своите картички како најуспешни на македонскиот пазар од овој вид.

Постојано се отворени за нови, талентирани и енергични луѓе кои го имаат она што е потребно за да се приклучат во нивниот тим, па затоа посетете го нивниот штанд да дознаете што е она што го бараат.