JobFair

Почитувани, ве известуваме дека во изградба е нова страница на JobFair. Stay tuned!


Организирано од: BEST Skopje


Asseco Group

Поставено на 2015-05-01 18:51:22


img/asseco.png

Asseco Group е уште една компанија учесничка на Job Fair 2015 и истата е членка на Ассеко Групата која последниве две години е шести најголем производител на софтвери во Европа. На македонскиот пазар постои веќе 20 години, а моментално има околу 10 отворени работни места за software developers и можности за студентски пракси.


Arcelor Mittal

Поставено на 2015-05-01 16:05:00


img/arcelorMittal.png

Водечката и светска компанија за производство на челик АРЦЕЛОРМИТТАЛ која има објекти за изработка на челик во 20 земји и работи во повеќе од 60 земји низ целиот свет, доаѓа токму за вас студентите на Job Fair 2015 - Vol.2.

Затоа, не заборавајте да го посетите нивниот штанд на 6ти и 7ми мај на комплексот технички факултети и да зборувате со вработените за сè она што ве интересира во врска со оваа компанија.


ЕВН Македонија

Поставено на 2015-05-01 14:44:05


img/evn.jpg

Ти се допаѓа можноста да работиш или да одиш на пракса во една од најголемите компании во нашата земја, ЕВН Македонија?

Дојди на 6ти и 7ми мај на комплексот технички факултети и остави го своето CV, со што ќе си ја обезбедиш шансата да се вработиш или да одиш на пракса во оваа или во некоја од другите компании учеснички на Job Fair 2015.


Netcetera - Quality Software Engineering

Поставено на 2015-04-30 20:04:10


img/netcetera.png

Нетцетера им овозможува на клиентите софтвер прилагоден на основната дејност на нивниот бизнис. Ние ги разбираме системите и процесите, независно од тоа колку се тие сложени и нудиме ИТ решенија за долготрајна корист.

Нетцетера е тим од посветени професионалци со една заедничка цел: континуирано задоволство на клиентот. Нашата умствена сила е поставена околу дејноста на клиентите со цел да се најдат најдобрите решенија, дури и за комплексни предизвици.

Основана во 1996 година, Нетцетера брои околу 400 вработени во четири земји и е организирана како холдинг компанија со седиште во Цирих, Швајцарија. Дополнително, Нетцетера групацијата ги опфаќа D1 Solutions и Braingroup..


Allocate Software

Поставено на 2015-04-30 16:20:37


img/allocate.jpg

Сакате да присуствувате на презентација, case study и интервју со вработените од интернационална IT компанија со претставништва во Македонија, Шведска, Велика Британија и Австралија?

Сето ова ви го озможуваат Allocate Software заедно со нас, па затоа не заборавајте да нè посетите на Job Fair 2015 - Vol.2 на 6ти и 7ми мај на комплексот технички факултети.


Рапид-билд Куманово

Поставено на 2015-03-09 17:07:59


img/rapid.jpg

Рапид-билд доо Куманово е основана е во 2012 година. Нејзина основна дејност е изградба на објекти од високоградба и нискоградба.

Започна амбициозно со изградбата на станбената зграда за семејно домување, лоцирана во Скопје, општина Аеродром, применувајќи висока технологија на градба и следејќи ги европските и светските текови на изградба.

Високостручниот кадар од сите профили на инжинерските професии, архитекти, градежни, машински и електроинжинери, како и високообучените работници за изведување секаков вид позиции при изградбата,високата технологија и економиката во изградбата, гарантира дека Рапид билд ќе израсне во лидер на градежништвото во регионот. „Градиме во сегашноста, нашите градби ќе останат запаметени во иднината“

Повеќе информации : www.rapidbild.com.mk .