JobFair

Кој го организира?


слика 7 не може да се прикаже

БЕСТ Скопје

БЕСТ – Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација чиј број на членови низ годините константно се зголемувa. Од 1989 па сè до денес БЕСТ обезбедува можности за комуникација, соработка и размена на студентите ширум Европа.

Во 33 земји со вкупно 95 Локални БЕСТ Групи, БЕСТ формира студентска мрежа која е константно растечка, добро организирана, моќна и иновативна. Секојдневниот напредок се должи на околу 3300 студенти кои ентузијастички дејствуваат, а речиси 1 милион студенти се опфатени од поттикнатите настани и иницијативи.

БЕСТ на студентите им ја дава можноста да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Последно, но не и најмалку важно, БЕСТ има развиено свој систем на обука, па затоа нашите членови исто така ја имаат можноста да ги подобрат своите вештини и знаења со учество на тренинзи за технички вештини и меки вештини.

Почетоците на БЕСТ Скопје

Почетоците на БЕСТ Скопје ги врзуваме со идејата која за прв пат се појави кон крајот на 2001 и почетокот на 2002 година. Оваа продуктивна идеја набргу резултираше со формирање на Локална БЕСТ Група на 9 март 2002 година.

Водена од желбата за развој на студентските сервиси и инженерска надградба, како и подобрување на студентскиот стандард и развивање на студентски сервиси, БЕСТ Скопје на 8 ноември 2002 година на Претседателскиот состанок во Букурешт - Романија, ги направи првите чекори во големото европско БЕСТ-семејство, со што се здоби со статусот „baby member”.

Со тоа БЕСТ Скопје доби обврска секоја година да организира најмалку еден БЕСТ академски курс на кој ќе присуствуваат околу 30 студенти од цела Европа, на кои БЕСТ Скопје е обврзан да им ги покрие сите трошоци поврзани со нивниот престој во Македонија. БЕСТ Скопје оваа обврска успешно ја исполнува веќе единаесет години, почнувајќи од успешната реализација на првиот Меѓународен Академски Курс во јули 2003.

Како резултат на своите залагања и успеси, на 4 ноември 2003 година, БЕСТ Скопје се здоби со статусот „полноправен член“ и зачекори рамноправно со сите локални БЕСТ групи од цела Европа. Од 2005 година почна со традиционално организирање на Саемот за Вработување и Кариера - Job Fair.

Имајќи го предвид фактот дека БЕСТ Скопје е единствената студентска организација од ваков тип, која овозможува на сите студенти, а не само на своите членови, бесплатно да стекнат дополнително образование на универзитетите ширум Европа, успехот е уште поголем.

БЕСТ Скопје на студентите им овозможува комплементарно образование и ја охрабрува работата во мултикултурни средини, преку организирање на разни настани: академски курсеви, инженерски натпревари, едукативни симпозиуми, саеми за вработување и различни работилници на одредени теми кои секогаш се трудиме да бидат бесплатни за студентите.

7 Локални инженерски натпревари
11 Job Fair изданија
12 академски курсеви
14 години искуство
Интернационални настани:
BEST Jam 2005
Интернационален форум за проекти 2007
RoboMak 2009
BalkanJAM 2009
Регионален БЕСТ состанок 2010
beKNOWN - работилница за ПР и маркетинг 2012
Регионален БЕСТ состанок 2013
Регионален БЕСТ состанок 2014
Ohrid JAM 2015
beRICHER - работилница за односи со компании и собирање на средства