JobFair

10 СОВЕТИ ЗА УСПЕШНО CV


Вашето CV треба да ја опфати целосната слика за вас и вашите квалификации, поточно вашите вештини, постигнувања и искуства. Следниве совети ќе ви помогнат да напишете СV по кое компаниите ќе го препознаат квалитетот кој го поседувате а воедно ќе ве истакне повеќе пред останатите апликанти.

1. Ставете се себеси во улога на работодавачот


Пред да аплицирате, размислете каков профил на човек бара вашиот потенцијален работодавач. Колку поефективно е претставена јасната поврзаност помеѓу вашите вештини и оние кои се потребни, толку е поголема веројатноста да си обезбедите интервју.

2. Нека биде кратко и јасно


Клучните информации кои треба да ги опфатите се: вашите лични податоци, достигнувања, искуство, посебни вештини (познавање на странски јазици/компјутерски вештини), образование, обука и интереси. Особено важно е да се изразувате формално.

3. Направете го да изгледа привлечно


Користете клучни зборови и релативно кратки реченици за вашата презентација да биде појасна и попривлечна.

4. Адаптирајте го


Прилагодете го вашето CV за работното место за кое аплицирате. Потребно е тоа претходно добро да го осмислите.

5. Работно искуство (доколку го имате)


Наведете во кои компании претходно сте биле вработени, но не навлегувајте во детали.

6. Вклучете одредени факти


Наведете ги вашите достигнувања, одговорности и резултати. Потенцирајте како вашите квалитети би влијаеле врз напредокот на компанијата во која сакате да работите.

7. Не набројувајте премногу


Вклучете специфични вештини, како познавање на странски јазици, административни или компјутерски вештини, кои би ве издвоиле од остатокот од апликантите за тоа работно место.

8. Бидете искрени


Иако сакате добро да се претставите, сепак не претерувајте. Преувеличувањето предизвикува спротивен ефект на она што навистина сакате да го покажете.

9. Внесете живост во вашето CV


Потрудете се да ја покажете својата мотивација и интерес за работното место за кое аплицирате. По секоја напишана реченица запрашајте се што всушност таа кажува за вас.

10. Бидете навремени


На крај секогаш проверете го вашето CV за можните грешки, како во правописот, така и во граматиката. Ако е содржи грешки, коригирајте ги истите! Не оставате добар впечаток како апликант, ако имате CV кое содржи правописни и граматички грешки.
Да ги импресионираш работодавачите, значи да ги истакнеш своите вештини најумешно што можеш. Тие бараат креативни и флексибилни луѓе, полни со ентузијазам за тимска работа и со амбиција да бидат дел од една успешна организација во која ќе преземаат акции за унапредување.